Екипата на Бенфика, во која настапува македонскиот репрезентативецот Филип Талески, во 4. коло од Лигата на Европа дојде до 4-ти сезонски триумф.
Португалскиот тим беше домаќин на Татран Прешов и успеа да дојде до победа, која што беше изразена со 13 гола разлика, 36:23.
Тимот на Талески, кој на овој натпревар постигна два гола, победата ја најави уште во првиот дел кога на пауза замина со предност од 22:12 и рутински ги одработи вторите 30 минути.
Бенфика освен двете победи против Татран Прешов, триумфираше и против екипите на Лимож и Кадетен Шафхаузен.
Во следното, 5. коло, Талески и Бенфика ќе гостуваат кај Кадетен Шафхаузен, кој до овој момент на свое конто има четири бода.
Хрватскиот Сесвете ја прослави првата победа во Лигата на Европа, откако беше убедлив против Карвина со 38:23.
Голманот на домаќините, 25-годишниот Филип Периќ натпреварот го заврши со 15 интервенции, додека во нападот се истакна Јосип Томиќ со седум погодоци.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
БЕНФИКА – ПРЕШОВ 36-23
СИЛКЕБОРГ – ГРАНОЉЕРС 35-32
ХОБРИ – ИШТАД 27-38
КАДЕТЕН – ЛИМОЖ 29-39
ЛУЦЕРН – ГОРЕЊЕ 30-25
САВЕХОФ – ФХ 30-26
СЕСВЕТЕ – КАРВИНА 38-23
ТАТАБАЊА – ФЛЕНСБУРГ 29-39
ТУЛУЗ – ГУМЕРЗБАХ 31-30
АДЕМАР – ГОГ
20:45 БИДАСОА – КОНСТАНЦА
20:45 КИЛ – НЕКСЕ
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ЗАБЖЕ
20:45 ПОРТО – ВАРДАР
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – ВОЈВОДИНА
20:45 ВАЛУР – МЕЛСУНГЕН