Барселона го купува најголемиот талент од Шведска!?

Според пишувањата на „Автонбладет“, големиот талент од Шведска, Пеле Сегертофт, во следната сезона ќе направи трансфер од соништата.

19-годишниот лев бек најверојатно ќе биде дел од каталонскиот гигант Барселона, каде што ќе игра со голем број познати имиња.

Сегертофт извесен период беше следен од раководството на Барселона, а своето внимание го привлече уште на Европското кадетско првенство во 2022 година.

На кaдетскиот континентален собир, на кој Шведска го освои среброто, Сегертофт имаше одлични партии и беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Левиот бек настапува за шведскиот суперлигаш Онередс и доколку се пресели во Барселона, тогаш неговиот договор би бил долгорочен.