Поранешниот француски репрезентативен голман Венсан Жерар на кратко ќе ја прекине пензијата и ќе и помогне на Барселона до крајот на сезоната.
По поразот од Гранољерс, се вклучи црвениот аларм во каталонскиот гигант Барселона, па веднаш беше активирана потрагата по замена за Гонзало Перез Де Варгас.
Иако беше најавено дека ќе останат само со Емил Нилсен и младиот Филип Шариќ на голот, сепак Барса му ја прекина пензијата на Французинот Венсан Жерар, кој ја заврши кариерата лани летото.
Раководството на Барса го ангажираше Жерар како помош на Нилсен до крајот на сезоната, бидејќи ги чека тежок двомеч со ПИК Сегед во четвртфиналето на Лигата на шампионите, како и завршницата во Кралскиот Куп.
Барселона веќе во следното коло може да ја освои титулата во Асобал лигата, ако слави на гостувањето кај Бенидорм, бидејќи ќе има недостижна предност пред второпласираниот Гранољерс.