Барса гази се пред себе

Европскиот шампион Барселона продолжува со победничката низа во Лигата на шампионите во новата сезона. Ова беше шеста победа за за Барса во шестиот натпревар од елитната конкуренција.

Во „Блауграна“ без поголеми проблеми беше совладан бундеслигашот Магдебург со шест гола разлика, 32-26.

Каталонците уште од стартот си го фатија редот и поведоа со 6-2, па потоа се беше полесно. На пауза момците на Ортега водеа со 16-11.

Во второто полувреме отидоа и на плус седум и немаше никакви дилеми околу победникот на овој дуел.

Голманите на Барса, Нилсен и Де Варгас, комбинираа 11 одбрани, додека Гомез беше најдобар стрелец со осум гола. Во составот на Магдебург се истакна Зендер со шест погодоци.