Балоска е МВП и најдобар стрелец, Илиоска прогласена за најдобра голманка

Тимот на Ѓорче Петров стана нов шампион во женска пионерска конкуренција, откако во финалето славеше против Стружанка со 22-16.

По доделувањето на победничкиот пехар, беа доделени и индивидуалните признанија на овој завршен турнир.

Елена Балоска од Стружанка беше прогласена за најдобар стрелец на турнирот и за најкорисна ракометарка, односно МВП.

Овие признанија беа круна на сезоната за младата ракометарка од Струга, која игра и во повозрасните категории.

За најдобра голманка на завршниот турнир кај пионерките беше прогласена Сара Илиоска.

Ѓорчепетровки се нови шампионки во пионерска конкуренција