Атлетик го склопува играчкиот мозаик – Трпеска потпиша нов договор

Левото крило Сандра Трпеска е последната во низата што ја продолжи соработката со амбициозниот тим Атлетик.

Новиот суперлигаш го склопува играчкиот мозаик за наредната сезона во елитната конкуренција, а Трпеска е важна алка во составот на Татјана Хмирова.

Трпеска потекнува од составот на Ѓорче Петров, каде мина десет сезони, а потоа беше дел и од Металург Автокоманда, пред лани да дојде во Атлетик.

Претходно голманката Матеа Чурлиновска стави потпис до 2029 година, а нови тригодишни договори потпишаа и левите бекови Сара Богојеска и Анастасија Величковска, пивотот Дафина Соколовска, левото крило Моника Босилковска, десниот бек Анастасија Дамјановска, како и средниот бек Исидора Котевска.

Исто како и Трпеска, нов договор на две сезони потпиша и кружниот напаѓач Наталија Дишковска.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________