Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај романскиот шампион Динамо Букурешт.
Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека тој и неговите соиграчи максимално и до секој детал се подготвуваат за новиот предизвик.
„Ни следат два тешки натпревари. Се спремавме чекор по чекор за Динамо Букурешт, напорно работиме и верувам дека ќе одиграме во рамките на максимумот на нашите можности. Имаат добра екипа, многу интернационалци, играат добар модерен ракомет и ќе биде тешко да се игра против нив. Сепак, максимално и до секој детал се подготвуваме“, изјави Атанасијевиќ.
Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер се игра утре во салата „Поливалента“ со почеток во 18:45 часот.