Атанасијевиќ: Растеме од ден на ден, селекторот ни верува на сите!

Maкедонија славеше против Гвинеја со 29-20 во последниот меч од групната фаза и се пласираше во главната рунда на СП.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека довербата кон сите ракометари од селекторот придонесува за раст на репрезентацијата од ден на ден.

„Може да се каже дека одигравме рутински, имавме некои зицер позиции што ги фати голманот, направивме и некои технички грешки на почетокот, но се консолидиравме и во второто полувреме влеговме подобро, па на крајот победивме. Селекторот ни верува на сите, секој може и мора да придонесе за тимот, без разлика дали играме две или повеќе минути. Работам на себе, растеме како репрезентатиција од ден на ден и одиме чекор по чекор во нови успеси“, изјави Атанасијевиќ.

Македонија ќе игра против Австрија, Катар и Франција во главната рунда во вторник, четврток и сабота.