Атанасијевиќ: Немаше неспортска игра, но имаше сомнителни судиски одлуки

Македонија загуби со 37-32 од Холандија во второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека овој натпревар беше тежок за играње, но и се осврна на арбитражата од данските судии.

„Ова беше тежок меч, тешки одлуки, немам коментар, едноставно, тешко многу. Не сметам дека имаше нешто надвор од спортската игра, но имаше судиски одлуки кои беа сомнителни. Малку послабо игравме со играч повеќе, но ако гледаме генерално, бевме добри, имавме шанси да израмниме. Сепак некои одлуки не беа во наша корист. Сега доаѓа Гвинеја, ќе разговараме со тимот и ќе анализираме за да се подготвиме добро“, изјави Атанасијевиќ.

Следен предизвик за Македонија ќе биде в недела од 18:00 часот против Гвинеја, на кој ќе треба да се завери пласманот во главната рунда.