Ангеловски: Еурофарм Пелистер е како нов тим во Формула 1 – имаме мотор Ферари, ама три години стар!

Еурофарм Пелистер загуби кај ПИК Сегед со 34-26 во седмиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот на македонскиот шампион, Бранко Ангеловски, вели дека одбранетите зицери на Миклер се причината за поразот.

„Игравме одлично во првиот дел, но во второто полувреме ја почувствуваме целата моќ што ја има ПИК Сегед. Ние го загубивме мечот бидејќи не бевме добри еден на еден против Миклер. Во второто полувреме направивме многу ротации, бидејќи веќе размислувавме за следниот меч што не очекува и им дадов шанса на сите играчи да ја почувствуваат оваа атмосфера. Ако направам некоја споредба, Еурофарм Пелистер е како тим кој во Формула 1 е нов тим, имаме мотор од Ферари, ама од пред три години. Ние сме млад тим, нов тим, ни треба искуство и сметам дека иднината ќе работи за нас“, изјави Ангеловски.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде домашниот натпревар против ПИК Сегед на 22 ноември во Битола.

Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од Унгарија