Андоновски продолжува со одличните настапи во Италија

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски повторно имаше одлична партија во дресот на Трст.

Во рамки од 14. коло од италијанскиот шампионат, тимот на Андоновски загуби од Конверсано со 29:24 (14:13).

Охриѓанецот остави одличен впечаток на теренот и натпреварот го заврши со седум постигнати погодоци.

Довчерашниот ракометар на Охрид, кој е познат по своите дефанзивни квалитети, покажа дека може да биде предводник во нападот во новиот тим.

Трст моментално се бори за опстанок во најсилното натпреварување во Италија, а следен предизвик за Андоновски и колегите ќе биде дуелот со Бриксен.

Андоновски со „деветка“ во мрежата на екс словенечкиот првак