Андоновски ја однесе Самадреџа во борба за титулата!

Тимот на Самадреџа, каде што е тренер македонскиот стратег Горан Андоновски, ќе се бори за титула во косовскиот шампионат.

Самадреџа славеше по вторпат над составот на Феризај, овојпат со 24-20 и во победнички ритам ќе влезе во финалната серија.

За составот на Самадреџа да се пласира во финале, свој придонес имаа и екс голманката на Чаир, Аниса Сали, како и екс вардарката Бојана Радевска.

Ривал на тимот на Андоновски, Сали и Радевска во финалната серија ќе биде составот на Истогу, а двата меча се закажани за 14 и 17 мај.

Андоновски ја презема Самадреџа на полусезоната, кога тимот беше на петтото место, го однесе на Ф4 во Купот на Косово, а сега и во битка за титулата во првенството.