Алушовски прозива на 3 јануари, Охрид ќе тестира против АЕК, Олимпијакос, Металопластика…

Ракометарите на Охрид им се враќаат на тренинзите на 3 јануари и ќе имаат долги подготовки пред стартот на разигрувањето за титулата во Супер лигата.

Стратегот Стевче Алушовски ќе прозива на третиот ден од 2024 година, а првите пријателски натпревари ќе се одиграат во Грција.

Охрид ќе тестира против АЕК, Олимпијакос и Дукас од 19 до 21 јануари, а потоа „гладијаторите“ заминуваат за Србија.

Таму од 24 до 27 јануари ќе бидат одиграни натпревари против Металопластика Шабац, Динамо Панчево, против Црвена Звезда и Дубочица Лесковац.

Потоа експедицијата на Охрид се враќа во Македонија, каде ќе продолжат тренинзите пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Oхриѓани имаа одличен финиш на регуларниот дел од сезоната и пренесоа два бода во суперлигашкиот плеј-оф, кој го стартуваат на гостински терен кај Бутел Скопје.