Алтхаус: Се знае за кој ќе навивам, со Томи се однесуваме професионално…

Македонската репрезентација денеска ја очекува настапот против домаќинот на Европското првенство, Германија.

Но и во нашата делегација има една Германка – Ања Алтхаус. Некогашната ракометарка на Турингер, Виборг, Вардар и Ѓер, сега работи како медиа менаџер во македонската репрезентација, па затоа беше интересна за германските медиуми.

Во интервју за „Билд“, Алтхаус откри дека со цело срце ќе ја поддржува Македонија на дуелот против нејзината татковина.

„Навистина е посебно да се биде од македонската страна и да се игра против Германија. Се разбира, како член на македонската делегација, 100 проценти ќе навивам за Македонија“, вели Алтхаус.

Таа е во врска со десниот бек на македонската репрезентација, Томи Јагуриновски, но и двајцата се однесуваат професионално.

„Се однесуваме многу професионално. Сите знаат дека со Томи веќе подолг период сме во врска“, изјави Алтхаус.

Германката исто така е дел и од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија со селекторот Кристијан Грчевски и Едуарда Аморим Талеска.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се игра вечерва во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин од 20:30 часот.