Алонсо: Знаеме дека мора да поправиме некои работи, но на вистинскиот пат сме

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби со 30-24 од Спортинг Лисабон, иако долго време беше во егал со португалскиот првак.

Тренерот на битолчани, Раул Алонсо вели дека мора да се поправат некои работи, но дека екипата е на вистинскиот пат.

„Спортинг одигра солидно. Ние бевме 45 минути во мечот, но потоа промашивме многу шутеви и беше тешко за нас на ментален план. Знаеме дека мора да поправиме некои работи, но ние сме на вистинскиот пат“, изјави Алонсо.

Домашниот стратег Рикардо Кошта вели дека натпреварот беше тежок повеќе отколку што покажува резултатот.

„Одигравме натпревар кој го добивме потешко отколку што говори резултатот. Во првото полувреме чувствував дека тимот е уморен, но си ја завршивме работата во одбрана и Андре Кристенсен ни помогна. Ни фалеше константност, но тој момент во играта ни се појави во второто полувреме. Благодарност до сите фанови кои ни помагаат на овој долг и успешен пат“, изјави Кошта.

Битолчани во следното коло ќе играат дома против Динамо Букурешт, додека Спортинг Лисабон ќе му гостува на Веспрем.