Ракометарите на Вардар вечерва го играат четвртиот натпревар во Лигата на Европа и му гостуваат на Порто.
По поразот од овој ривал во Скопје, за вардарци само победа во „Драгао Арена“ ќе ги остави живи шансите за место во главната рунда.
И со пораз вардарци ќе имаат шанса за прогрес, но тогаш мора да чекаат услуги и од другите екипи.
Голманот на Порто, Себастијан Абрахамсон, очекува победа над Вардар.
„Кога играме добро, позабавно е и сите се среќни. Бев нервозен за време на минатиот натпревар, бидејќи не бранев, но секогаш е добро кога вашиот колега брани добро. Јас само уживав во мечот. Ќе играме со екипа што е добро физички подготвена, но ако играме како во Македонија и ги исправиме техничките грешки, тогаш ќе победиме“, вели Абрахамсен.
Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра вечерва во „Драгао Арена“ со почеток во 20:45 часот.