Aндоновски: Ќе биде тешко за првпат во Охрид да водам друг клуб, но одиме на победа

Охрид и Тиквеш вечерва во 18:00 часот играат важен дуел во рамки од четвртото коло во плеј-офот од Суперлигата, двете екипи досега одиграа едно реми и запишаа два порази.

Натпреварот кој ќе се игра во Охрид ќе има посебно значење за тренерот на Тиквеш, Горан Андоновски кој голем дел од својот живот го помина во Охрид, а и седеше на клупата на овој тим.

„За мене овој натпревар ќе има поголема тежина затоа што животот го поминав во Охрид, меѓутоа професионална работа, е професионална работа. Во овој момент сметам дека Охрид е фаворит, а освен тоа игра и на домашен терен, но Тиквеш покажа во текот на првенството дека може да се носи рамноправно со сите фаворити и секако дека како и на секој натпревар и во овој одиме во победа“.

Првпат во својата кариера во Охрид ќе седи на клупата на друг тим, фаворитската улога ја препушта на противничкиот табор, но и потенцира дека тоа не мора ништо да значи.

„За моите играчи секој натпревар е мотивирачки затоа што ја остваривме и првата цел која и не беше поставена пред првенството, но ете успеавме да влеземе во плеј-офот. Во првите три кола покажавме дека рамноправно се носиме со сите противници. За мене психолошки можеби ќе биде потешко затоа што за првпат во Охрид ќе застанам на клупа на друг клуб. Но, како и што кажав професионалноста е на прво место. Тактички и физички сме спремни за овој натпревар и очекуваме да се претставиме во што подобро светло пред охридската публика. Фаворитската улога на Охрид во овој плеј-оф не мора ништо да значи“.

Верува дека Тиквеш, Охрид и Еурофарм Пелистер 2 во овој момент имаат подеднакви шанси во борбата за европските купови.

„Како што стојат работите во овој момент Бутел веќе направи предност и сигурно е еден од патниците во Европа според мене, но шансите на Тиквеш, Охрид, Еурофарм Пелистер 2 засега се изедначени и ќе одлучуваат меѓусебните дуели кој ќе го добие тоа место“.

Во тимот пред овој дуел се враќа Никола Стефановиќ, па така ќе го има комплетниот состав на располагање.

„Сите играчи се максимално подготвени. После повредата се враќа Никола Стефановиќ кој не играше на претходните два натпревари. Тој не играше на претходните два натпревари, а сега лекарскиот тим донесе одлука дека ќе биде спремен за овој дуел“, ни изјави Андоновски.

Натпреварот се игра во терминот од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910