Претседателот на Ракометната федерација на Црна Гора, Петар Каписода и во наредните четири години ќе ја обавува претседателската функција во ракометната црногорска куќа.
На вонредната седница на собранието од федерацијата, на која присуствуваа 26 од вкупно 32 делегати, Каписода доби едногласна поддршка за втор мандат.
Каписода, кој е поранешен репрезентативец на Црна Гора, првпат беше избран за претседател на црногорската ракометна федерација на 29 јануари, 2019 година.
Освен Каписода, нов мандат доби и актуелниот селектор на женската сениорска репрезентација на Црна Гора, Бојана Поповиќ, која со нејзините избранички на Еврпското првенство во ноември минатата година стигнаа до бронзениот медал, откако во полуфиналето ја совладаа Франција.