Горига и Пилиповиќ на врвот, Јасухира без грешка, Кузмановски и Кувајт со реми

Се одиграа три натпревари од четвртото коло на Азиското клупско првенство по кој се разгорува борбата за полуфиналето.

Тимот на Ал Калиџ од Саудиска Арабија, каде што играат Дмитро Горига и Кристијан Пилиповиќ ја запишаа третата победа и славеше против Бурган од Кувајт со 26-25.

Горига даде еден гола, додека голманот Пилиповиќ имаше десет интервенции. За поразената екипа, Косуке Јасухира имаше пет гола од пет обиди.

Кувајт Клуб ремизираше со Ал Духаил од Катар, каде што тренер на голманите е Петар Мисовски, 28-28. Кузмановски за Кувајт Клуб даде еден погодок од два обиди.

Ал Наџма од Бахреин беше подобра од Шарџа од ОАЕ со 32-27, а за победничкиот тим Урош Митровиќ стрелаше пет пати и беше втор стрелец.

На табелата, Ал Калиџ води со седум бода, по пет имаат Бурган и Кувајт Клуб, а три бода има Ал Духаил. Екипите од прво до четвртото место ќе играат во полуфиналето.