Ако се суди по стартот, возбудувањата нема да изостанат до јуни

Со натпреварот меѓу Куманово и Вардар Неготино беше комплетирано првото коло од плеј-оф/аут фазата во суперлигашката конкуренција.

Целиот фокус во првото коло на домашната ракометна јавност беше на дерби дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Битолскиот тим уште во првото коло го анулира оној еден бод повеќе што го пренесе Вардар од регуларниот дел на сезоната, откако со подобрата игра во второто полувреме триумфираше со 27:21.

Сепак, Еурофарм Пелистер, исто и Вардар, ќе мора до нивниот меѓусебен дуел, кој ќе биде во рамки од 8 коло, да одиграат според посакуваното.

Тука се засилениот Охрид, амбициозниот Тиквеш, незгодните Бутел и Пролет, но и вицепрвакот од Автокоманда, па така ниту на битолчани, ниту на „црвено-црните“ нема да им биде лесно против овие екипи.

Охрид во првото коло покажа карактер на гостувањето кај Бутел Скопје и од минус два во 55 минута, направи целосен пресврт во финишот и дојде до освојување на посакуваните бодови, а херој на Охрид беше голманот Бобан Ристовски, кој го одбрани пеналот на Николов во последната секунда.

Тиквеш на свој терен, иако без публика поради казната од РФМ, ја совлада Струга со 32:25. Стружани до 50 минута играа егал, беа повеќе од рамноправен противник, но поради кратката ротација не издржаа против домаќинот.

Пролет на свој терен беше поразен од „сино-белите“ од Автокоманда со 22:17, откако одигра лошо во периодот од 20 до 40 минута. Бодовите за еден од најмладите суперлигаши секако дека ќе бидат од големо значење, бидејќи секој бод во плеј-офот може да биде одлучувачки за едно од местата кои што водат во Европа.

Плеј-оф, 1. коло:

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 27-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – СТРУГА 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 29-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 17-22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120

Во плеј-аут фазата на победа се радуваа екипите на Прилеп, Куманово и Мулти Есенс, додека натпреварот меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер не се одигра.

Прилепчани на свој терен го совладаа Скопје со 32:24 и фаворитската улога ја оправдаа уште во првото полувреме, на пауза имаа предност од 16:8 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Тренерот Божидар Мојсов одлично ја распореди минутажата на домашната клупа, а прилепската публика имаше можност да ги види квалитетите на двете засилувања – Ангелче Органџиев и Ерик Андраде.

Тимот на Куманово, кој осетно се засили за вториот дел од сезоната, полесно од очекуваното го совлада Вардар Неготино со 29:23 и најави кандидатура за првата позиција во плеј-аут фазата.

Во неизвесен натпревар, дебитантот од Автокоманда го надигра Голден Арт, триумфираше со 24:23 и си го зголеми бодовното салдо на свое конто, сега има четири бодови, заостанува само на бод зад лидерот Прилеп.

Аеродром најверојатно нема да го продолжи настапот во дебитанската сезона во Супер лигата. Еурофарм Пелистер 2 службено ќе го добие натпреварот, но тоа треба најпрво да го потврди РФМ.

Плеј-аут, 1. коло:

АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР неодиграно
КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 29-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СКОПЈЕ 32-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС 23-24 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142