Ќе знаете ли да ги најдете на мапа: Зеленортските Острови дебитираат на СП!

Светското ракометно првенство во Египет за некои репрезентации ќе биде предизвик за освојување, за некои само достојно претставување и шанса за развој на ракометот во нивната земја.

Во Египет ќе настапи и селекцијата на Зеленортските острови (Капе Верде) која за прв пат ќе го почуствува ракометниот дух на едно големо натпреварување. Оваа држава-остров се наоѓа во Атланскиот Океан, таму има околу милион жители, а се зборува на португалски јазик.

Своето учество во Египет го обезбеди со победата над Мароко во Африканскиот шампионат и заврши на петтото место. Токму проширувањето од 12 на 16 селекции во Африканскиот шампионат минатата година значеше шанса за малата островска земја.

Дел од репрезентативците на Зеленортските острови имаат искуство со играњето во националните лиги на Романија, Шпанија, Франција, Холандија и Германија. Капитен на репрезентацијата е искусниот Лисандро Семедо, ракометар со португалско потекло и искуство низ Европа.

Својата авантура на Светското првенство во Египет, селекцијата на Зеленортските острови ќе ја започне против Унгарија. Освен со Унгарија ќе игра и против Германија и Уругвај во рамките на А-групата. Натпреварот против Уругвај ќе биде шанса и надеж за првата победа во својот деби настап на едно големо натпреварување.