Вардар Неготино ја наполни мрежата на Партизан Гевгелија

Ракометарите на Вардар Неготино ја запишаа чевртата победа во прволигашката конкуренција, откако на домашен терен славеа над Партизан Гевгелија со 48-24.

Победникот на оваа средба беше познат уште по првиот дел кога избраниците на Аце Станковски водеа со 25-11.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и без проблеми предноста на домашните беше дуплирана.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Наќе Ѓорѓев и Костадин Петров со по девет гола, а Мартин Димов даде осум.

Во составот на Партизан Гевгелија се истакнаа Горан Лисичков со шест и Стојан Наумовски со пет реализации.

Вардар Неготино е втор на табелата со девет бод, еден помалку од првопласираниот Драчево Јуниор кој има десет бодови.