Вардар подготвува вистински ракометен спектакл пред натпреварот со Висла Плоцк во Лигата на шампионите. В четврток, два часа пред почетокот на дуелот, на платото пред салата ќе биде организирана голема црвено-црна фан зона, наменета за сите навивачи на клубот.
Забавата ќе започне во 18:30 часот, а присутните ќе можат да уживаат во музичка програма, пијалоци и различни активности.
Посебна можност ќе имаат и најмладите навивачи, но и сите оние кои сакаат да се дружат со дел од ракометарите на Вардар кои поради различни причини нема да бидат во составот за натпреварот, како и со младите категории на клубот.
„Црвено-црните“ навивачи в четврток ќе имаат уште една можност да покажат како изгледа атмосферата во Скопје и да испратат моќна слика до цела европска ракометна јавност.
Фан зоната започнува во 18:30 часот, а мечот Вардар – Висла Плоцк е закажан за 20:45 часот.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.
























