Текстилец е ХИТ во Првата лига!

Тимот на Текстилец остана максимален по четири кола во Првата лига откако славеше на гости кај Шампион со 35-32.

Штипјани се единствениот тим што има осум бодови и четири победи на досега одиграните четири средби.

По петнаесетина минути Текстилец поведе со 11-3 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој меч, а во финишот домаќините само ја ублажија негативата.

Во 40. минута гостите останаа без Лазар Стојанов, кој доби црвен, па син картон, а имаше и прекин на мечот, интервенираше и полицијата по конфликтот на дел од публиката со официјалните лица.

Филип Џинес со седум гола и Кирил Миленков со шест беа најдобри кај Текстилец, а по осум гола за Шампион постигнаа Живко Петровски и Давид Јовчевски.