Кукуловски разигран, Металопластика со нова победа во Србија

Тимот на Металопластика, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, има перфектен старт во српскиот шампионат.

Металопластика Шабац запиша четврта победа во четири меча, откако славеше на домашен терен против Железничар Југ со 32-26.

Македонскиот лев бек Кукуловски одново беше меѓу најзабележителните во победничката екипа и постигна четири гола во противничката мрежа.

Гостите водеа на паузата со 16-14, но Металопластика го доби вториот дел дури со осум голови и на крајот запиша триумф.