ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров на евро-испит, чешкиот Мост е првата пречка во Лигата на Европа

Денеска во центарот на вниманието ќе биде настапот на македонскиот шампион Ѓорче Петров во Лигата на Европа.

Избраничките на Славиша Димитријески ќе се соочат со чешкиот тим Бањик Мост, кој минатата сезона го освои третото место во домашното првенство.

Ривалот на македонскиот првак последните три сезони се обидува да се пласира во групната фаза на Лигата на Европа, но секогаш беше елиминиран во квалификациите.

Мечот меѓу Ѓорче Петров и Бањик Мост се игра вечерва во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ од 19:00 часот.

Покрај европскиот натпревар на Ѓорче Петров, ќе има уште шест натпревари на македонските терени.

Се играат три дуели во Првата женска лига во Штип, Гостивар и Скопје, како и уште три во Првата машка лига во Скопје и Гостивар.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 Астибо – Овче Поле СУ (Македонија)
14:00 Јехона – Стружанка (Македонија)
16:00 Шампион – Струга (Македонија)
17:00 Македонија Ѓорче Петров – Партизан Гевгелија (Македонија)
18:30 Шампион – Текстилец УГД (Македонија)
19:00 Ѓорче Петров – Бањик Мост (Лига на Европа)
19:30 Јехона – Аеродром (Македонија)