Сања Дабевска со трофеј во Израел ја отвори новата сезона

Maкедонската интернационалка Сања Дабевска со трофеј ја започна новата сезона во Израел, каде што се пресели летово.

Нејзиниот тим Хапоел Ашдод беше најдобар во Лига Купот на Израел и се израдува на трофеј пред стартот на првенството.

Хапоел Ашдод го совлада составот на Бнеи Херцлија во финалниот натпревар со 34-30, а Дабевска беше стрелец на два гола.

Кружниот напаѓач од Македонија минатата сезона ја мина во српскиот Бор, а претходно настапуваше во Грција, Романија, Унгарија…додека во Македонија ги носеше дресовите на Металург, Пелистер и Куманово.