Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска го очекува првиот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа.
Во Битола во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува шпанскиот вицешампион Ла Риоха, кој досега во сезоната одигра три меча во Асобал лигата.
Тренерот Лино Червар за овој меч не смета на Давид Брестовац, Диего Басанесе, Миха Котар и Малик Татар.
Шпанскиот состав е со комплетниот состав, со сите 15 ракометари што се пријавени за настап во Лигата на Европа.
Мечот со Ла Риоха ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.

























