Второто дерби меѓу водечката четворка во македонскиот ракомет ќе се одигра меѓу екипите на Вардар и Охрид, а веќе го доби својот термин.
Вардар на 3 октомври ќе го пречека Охрид во натпревар од 5. коло во Супер лигата, а мечот е закажан во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.
Во продажба се пуштени билетите за дерби натпреварот, а нив може да ги купите онлајн ТУКА.
Во зависност од местото на седење во салата, билетите се продаваат по цени од 300, 400 и 500 денари.
Ова е четврта средба во новата сезона меѓу овие две екипи, а втор од официјален карактер. Вардар и Охрид играа во финалињата на турнирите во Струга и Охрид, а се бореа и за трофеј во Супер Купот на Македонија.

























