Стипе Мандалиниќ се враќа на Балканот!

Искусниот хрватски ракометар Стипе Мандалиниќ е пред камбек на балканските простори, откако според информациите на „Hercegovina.info“ тој се наоѓа на „влезна врата“ во тамошниот шампион Извиѓач Љубушки.

Мандалиниќ во својата кариера настапуваше за Сплит, Карловац, Загреб, Фуксе Берлин и АЕК Атина, беше две сезони дел од Еурофарм Пелистер, а има и репрезентативно искуство со Хрватска.

Станува збор за 33-годишен лев бек, висок 195 сантиметри, кој со своето искуство би бил значајно засилување за шампионот на БиХ.

Мандалиниќ особено добро им е познат на македонските љубители на ракометот по периодот во Еурофарм Пелистер, каде настапуваше од 2020 до 2022 година. Во сезоната 2021/22 постигна 64 гола во ЕХФ Европската лига.

Хрватскиот ракометар последно настапуваше во тимот на Бурган од Кувајт заедно со Косуке Јасухира.