Раде Стојановиќ не е повеќе тренер на Ајдовшчина

Македонскиот стратег Раде Стојановиќ не е повеќе на клупата на словенечкиот прволигаш Ајдовшчина.

Иако откако дојде на клупата на овој тим го внесе во словенечкaта елита без ниту еден пораз, Македонецот и Ајдовшчина се разделуваат.

Раководството на клубот не донесе адекватни засилувања што ќе го водат тимот низ дуелите со Слован Љубљана, Целје, Тримо, Ормож…па разделбата беше очекувана по лошиот старт и двете страни решија да тргнат по својот пат.

Стојановиќ претходно го водеше Тримо Требње една сезона, беше селектор на кадетската и младинската репрезентација на Македонија со кои оствари успеси на големите натпреварувања, а беше на клупата на Металург, Охрид и Тиквеш во Македонија.