Денеска во Виена, македонските претставници – Охрид, Бутел Скопје и тимот од Автокоманда, ќе ги дознаат ривалите во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Покрај воведувањето на правилото дека две екипи од иста држава не можат да играат меѓусебе во оваа фаза, ЕХФ сега има нов систем на рангирање пред ждрепката, иако и во овој одлучува рејтингот пред стартот на сезоната.
Сите 64 екипи што се пласирани во второто коло се поделени во четири групи по 16, а тие 16 се поделени во два шешири по осум.
Можни ривали на Охрид: Кремс (Австрија), Трогир (Хрватска), Ислингтон (Велика Британија), Драма (Грција), Потаиса Турда (Романија), Динамо Панчево (Србија), Берн (Швајцарија), Спор Тото Турција)
Можни ривали на Бутел Скопје: Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина), Горица (Хрватска), БК-46 (Финска), Добеле (Летонија), Драгунас Клаипеда (Литванија), Ловќен (Црна Гора), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Островија (Полска
Можни ривали на Алкалоид: Фиверс Маргаретенн (Австрија), Ферлах (Австрија), ХФК Хелсинки (Финска), АЕК Атина (Грција), Јоникос (Грција), Гранитас Карис (Литванија), Нербо (Норвешка), Горење Велење (Словенија)
Ждрепката ќе се одржи денеска од 11:00 часот во Виена, а натпреварите ќе се играат на 17/18 октомври, односно 24/25 октомври.

























