По првите 30 минути од натпреварот од 2. коло од Б групата на лигата на шампионите со Нант со Скопје, македонскиот шампион има негатива од 15-16
Полната сала во СЦ „Јане Сандански“ даваше одличен мотив за двете екипи. „Црвено-црните“ без оние играчи кои ги немаше и на првиот меч, но овојпат со „ветер во грб“ од трибините.
Вардар одлично го отвори натпреварот против Нант и по неполни четири минути поведе со 3-0. Двапати погоди Вукашин Воркапиќ, а првиот гол беше дело на Јака Малус, додека Васил Гогов забележа две одбрани во почетниот период.
Францускиот тим постепено се врати во игра и во осмата минута првпат израмни на 5-5. Вардар одговори преку Воркапиќ и повторно ја врати минималната предност, а по погодокот на Леон Љевар во 11. минута резултатот беше 8-7.
Потоа следуваше период со неколку грешки и неискористени напади на црвено-црните. Нант тоа го казни со серија од 5-0 и во 17. минута поведе со 12-8. Во меѓувреме Иван Чупиќ побара и тајмаут за да смени нешто во играта, а меѓу стативите застана и Милош Валах.
Вардар се врати во игра и намали на 11-12 во 20 минута преку Мохаб. Валах одбрани една топка, но во напад вардарци згрешија па Турна во контра заголеми на 13-11. Секоја грешка скапо се плаќа, и гостите брзо стигнаа до „плус 3“ за водство 14-11. Наместо намалување на два, по една техничка грешка на Вардар, гостите зголемија на 15-11 што беше дотогаш највисоко водство за Французите.
Во последната минута од првото полувреме гостите влегоа со предност од два гола (16-14) и тајмауат што го искористија. Но, од тој напад профитираше Вардар кој се одбрани, а потоа Фадуил погоди на празен гол, намалувајќи на 15-16, на 30 секунди до крај на првото полувреме.
Во последниот напад Валах одбрани, но само неколку секунди останаа, и немаше време да се огранизира напад за израмнување.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗
























