Тимот на Металопластика, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, имаше победнички старт во српскиот шампионат.
Предводен од левиот бек, некогашниот европски првак славеше на гостинси терен кај составот на Југовиќ со 25-24.
Кукуловски беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум гола од осум обиди во противничката мрежа.
Освен што погодуваше, Македонецот подели и три асистенции до соиграчите, имаше една освоена топка, а изнуди и еден пенал.
Сето тоа беше доволно да има најголем индекс на корисност (8,5) во тимот од Шабац.
























