Деби со победа – Струга ги освои бодовите во Гостивар

Новиот прволигаш Струга ја стартуваше сезоната во Првата женска лига со победа во Гостивар кај Јехона.

Избраничките на Владимир Паноски славеа кај Јехона со 30-18, откако на паузата имаа плус шест, 15-9.

Второто полувреме од натпреварот меѓу двете млади екипи не донесе промени, па гостинките само рутински го доработија мечот.

Најдобри стрелци во составот на Струга беа Леа Пејоска и Маја Ашталкоска со по шест гола, а кај Јехона се истакна Алтина Хасани со девет погодоци.