Ѓорѓиевска и Мицевска со победнички старт во Србија – убедлив триумф во мак-двобојот!

Српскиот шампион Црвена Звезда, каде што оваа сезона ќе настапуваат две Македонки имаше победнички старт во домашниот шампионат.

На домашен терен екипата на Елена Ѓорѓиевска и Јована Мицевска Митев славеше против Војводина на Пена Граматова со 39-29.

Ѓорѓиевска постигна три гола од три обиди, Мицевска мина кратко време на голот и имаше една одбрана, додека Граматова беше најдобра во тимот од Нови Сад и даде седум гола.

Црвена Звезда на почетокот на следниот месец ја очекува европскиот двомеч од квалификациите за Лигата на Европа против Корона Брашов