Францускиот гигант ПСЖ е заинтересиран за германскиот репрезентативец Јури Кнор, кој моментално настапува за данскиот Алборг.
Според информациите на „Sport Bild“, 26-годишниот среден бек би можел да го напушти данскиот клуб едно лето пред истекот на договорот. Кнор има важечки договор со Алборг до летото 2028 година, но постои можност трансферот да се реализира уште следното лето.
За неговите услуги, ПСЖ би требало да плати најмалку 250.000 евра, сума која францускиот клуб е подготвен да ја издвои за ангажманот на германскиот репрезентативец.
Кнор е еден од важните играчи на германската репрезентација, а во Алборг пристигна како дел од проектот на данскиот клуб со кој се стреми кон највисоките европски дострели.
Доколку трансферот се реализира, Кнор би бил уште едно сериозно засилување за ПСЖ, кој во изминатите сезони редовно се бори за највисок пласман во европскиот ракомет.

























