Стартуваше ЕХФ Купот со рекордни 83 клуба: Охрид го брани трофејот, Тиквеш на терен идниот викенд

Новата сезона во ЕХФ Европскиот куп за мажи започна денеска, а во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе учествуваат рекордни 38 екипи уште од првото коло.

Во првиот меч, екипата на Трогир од Хрватска, славеше над ВИФ од Фарски Острови со 22-16, а реваншот го игра утре пред своја публика.

Во текот на овој викенд ќе бидат одиграни седум двомечи од првото коло, а уште два двомечи ќе се играат во текот на следната недела, од понеделник до четврток. Дополнителни два двомечи се закажани за следниот викенд, меѓу кои ќе биде и оној на Тиквеш и Еш од Луксембург во Кавадарци.

Актуелниот шампион, Охрид, својата одбрана на титулата ќе ја започне од второто коло, каде што се веќе пласирани Бутел Скопје и тимот на Кирил Лазаров, а се очекува да им се придружат и кавадарчани.

ЕХФ Европскиот куп оваа сезона постави нов рекорд со бројот на учесници. Во првото коло ќе настапат 38 екипи од 21 држава, а најмногу претставници имаат Грција, Израел, Луксембург, Турција и Австрија – по три клуба во оваа рунда.

Вкупно 83 клубови се пријавени за борба за трофејот. По завршувањето на првото коло, 19 победници ќе им се приклучат на 45 екипи кои се директно пласирани во второто коло, кое ќе се игра во октомври, а ждрепката за двојките ќе биде на 22 септември.

Меѓу учесниците во првото коло е и Потaиса Турда, поранешен освојувач на ова натпреварување. Романскиот клуб ја освои титулата во 2018 година, кога натпреварувањето се викаше Челинџ куп.

Во првото коло ќе има и две добро познати имиња од Бундес лигата. Шиме Ивиќ, кој сега настапува за Трогир, од 2019 до 2023 година играше за Ерланген и Лајпциг. Од друга страна, Лени Рубин, нов ракометар на Берн, последните шест сезони ги мина во германската елита, каде што ги носеше дресовите на Вецлар и Штутгарт.

ЕХФ Европски Куп, 1 коло, распоред на натпревари:

Трогир – ВИФ 25-20
Истанбул – Свиеса Вилнус
Талина Мистра – Велазними
Берн – Макаби Тел Авив
Драма – Будванска Ривиера
Омонија – Гранитас Карис
Калиш – Брно
Беса Фамгас – Јоникос
Холон Јувалим – Албатро Сиракуза
Киндил – Ферлах
Дубочица – Алпла Хард
Горење Велење – Парнасос Строволу
Дуделанж – ПАОК
Гиресунспор – Фиверс Маргаретен
Сутјеска – Берхем
Вогошча – Спор Тото
Конверзано – Макаби Ришон Ле Зион
Потаиса Турда – Коњух Живинице
Тиквеш – Еш