Аеродром подготвен за новата сезона – Стоилов ќе располага со млад и талентиран кадар

Екипата на Аеродром, која минатата сезона заврши на средината на табелата во Првата лига, на седмото место, подготвено ги очекува новите предизвици во прволигашката конкуренција.

Под водство на тренерот Митко Стоилов и неговиот асистент Мартин Бурчевски, екипата на домашно тло ги одработи комплетно подготовките и пријателските натпревари.

Како и досега, така и во претстојната сезона, Аеродром ќе располага со талентирана и млада екипа, а своите натпревари ќе ги игра во салата „Расадник“.

Првиот натпревар Аеродром го игра против Радовиш, со која ги заменија домаќинствата, па аеродромци ќе гостуваат на првата средба што е закажана за утре од 18:30 часот во салата „25 Мај“ во Радовиш.