Гола пред историското деби на Мелсунген во ЛШ: Сакаме победа против Вардар!

За Мелсунген следува историски момент – германскиот клуб за првпат ќе настапи во Лигата на шампионите, oткако минатата сезона го освои трофејот во Лигата на Европа.

Во пресрет на дебито против Вардар, искусниот германски репрезентативец Јоханес Гола вели дека сите во клубот со нетрпение го очекуваат натпреварот и посакуваат победнички старт.

„Посебно е чувството што Мелсунген за првпат ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Сите со нетрпение го очекуваат натпреварот против Вардар. Секако, сакаме уште од самиот почеток да обезбедиме два бода. Лично, навистина сум возбуден што повторно ќе играм во ова натпреварување“, изјави Гола.

Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар ќе се игра в четврток со почеток од 20:45 часот.