По четири години пауза, Вардар повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите oткако „црвено-црните“ добија вајлд-карта од Европската ракометна федерација за настап во сезоната 2026/27. ЕХФ со специјално видео го поздрави камбекот на македонскиот првак.
Вардар има богата историја во елитното европско натпреварување. Македонскиот првак двапати се на европскиот трон – во 2017 и 2019 година, а ЕХФ во својата најава за новата сезона посебно го истакна скопскиот клуб и неговите најголеми успеси на меѓународната сцена.
Последниот настап на Вардар во Лигата на шампионите беше во сезоната 2021/22, по што следуваше четиригодишна пауза од европската елита.
Сега „црвено-црните“ повторно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски клубови и да го вратат Скопје на големата ракометна мапа.
Во сезоната 2026/27, Лигата на шампионите ќе брои 24 екипи, поделени во шест групи со по четири тима. Вардар е во групата со Висла Плоцк, Нант и Мелсунген.
Тоа значи дека навивачите на Вардар повторно ќе имаат можност во Скопје да гледаат натпревари против европските гиганти.
View this post on Instagram
























