Иваноски блесна, Горење Велење запиша триумф во Словенија

Тимот на Горење Велење, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, ја оствари првата победа во словенечкиот шампионат.

Горење предводен од Иваноски, кој беше најдобар стрелец, славеше против Ајдовшчина на Раде Стојановиќ со 34-27.

Иваноски имаше одлична партија и успеа седум пати да ја погоди противничката мрежа, а исто толку даде и Тилен Соколиќ.

Во следното коло Иваноски и Горење Велење ќе му гостуваат на составот на Рибница на 16 септември.