Во Тиквеш дојде пивот со искуство на три континенти!

Тиквеш добива сериозно засилување на пивотската позиција, откако договор со кавадаречкиот клуб потпиша Франко Гавидија.

Станува збор за искусен 34-годишен аргентински ракометар, висок 197 сантиметри, кој покрај офанзивните квалитети е познат и како специјалист за игра во одбрана. Гавидија има и репрезентативно искуство со Аргентина, со која настапи и на Светското првенство во 2023 година.

Во досегашната кариера аргентинскиот пивот настапуваше за голем број клубови. Почетоците ги имаше во Пиас Хандбол, а потоа играше за Ривер Плата, по што следуваше интернационалната кариера.

Гавидија беше дел од Кадетен Шафхаузен во Швајцарија, Бијер во Франција, Палмано Колоњ во Италија, а потоа се пресели во Шпанија, каде што настапуваше за Виља де Аранда, Кангас, Анаитасуна, како и Лос Долменес. Во Полска го носеше дресот на Вибжеже Гдањск, а во Унгарија настапуваше за Егер Естерхази. Подоцна играше и во Германија за Блауштајн, додека последниот период го помина во Ибица Еивиса од Шпанија.

Со доаѓањето во Кавадарци, Гавидија ќе донесе огромно меѓународно искуство, бидејќи во кариерата играше на три континенти – Јужна Америка, Европа и Австралија. Во Австралија настапуваше за Сиднеј Универзитет, со кој учествуваше и на Супер Глоуб во 2014 година.

За Гавидија, Тиквеш ќе биде нов предизвик во богатата интернационална кариера, а кавадаречкиот клуб со неговиот ангажман добива искусен пивот и дефанзивец со настапи во повеќе европски шампионати.

Аргентинецот веќе дебитираше за кавадаречкиот состав и беше меѓу најдобрите во победата над Струга со 28-27.

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾