За првпат во странство – Јован Даневски ќе игра во Германија!

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Јован Даневски, ќе има нов предизвик во кариерата.

Десното крило од Куманово во новата сезона ќе ги брани боите на германскиот тим Хабенхаузен, кој се натпреварува во регионалната конкуренција.

Даневски веќе дебитираше за тимот на Хабенхаузен и успеа да постигне три гола во победата против Олденбург со 24-22.

Пред да замине во Германија ова лето, Даневски настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, како и за матичниот Куманово.