Седлоска најдобра на теренот, Ускудар ги освои првите бодови во Турција

Тимот на Ускудар, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, ја забележа првата победа во турскиот шампионат.

Ускудар славеше на гостински терен кај составот на Одунпазари со 28-24 во второто коло, а Седлоска беше најдобар стрелец.

Македонската репрезентативка успеа да постигне шест погодоци во противничката мрежа и беше меѓу најзаслужните за победата.

Во следното коло Седлоска и Ускудар на домашен терен ќе играат против Бурса на Моника Килдан Јанеска, па ќе има македонски двобој.