„Вардар – Еурофарм Пелистер е едно од најдобрите ривалства во Европа“

Реваз Чантурија е еден од ретките ракометари кои одблизу ги почувствувале и скопските и битолските дербија.

Во различни периоди играше за Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, па добро знае колкаво значење имаат овие натпревари за навивачите.

„Кога играв за Металург, тогаш големото ривалство беше Металург – Вардар. Тоа беше вистинско дерби и огромен натпревар за Скопје.“

Но, по преминот од Вардар во Еурофарм Пелистер почувствувал сосема поинаква емоција.

„Луѓето знаат да кажат дека Вардар – Еурофарм Пелистер е едно од најдобрите ривалства на Балканот. Јас би рекол дека е едно од најдобрите во Европа.“

За Чантурија, посебноста на македонскиот ракомет отсекогаш била и во трибините. Автокоманда, „Кале“ и Битола му останале во силно сеќавање.

„Тоа се сали во кои публиката навистина го знаеше ракометот и можеше да те носи или да ти направи огромен притисок.“

Целото интервју со Реваз Чантурија можете да го прочитате на следниот линк: 

ИНТЕРВЈУ Реваз Чантурија: Дојдов со торба за една недела, а останав 22 години во Македонија

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…