Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија задача да судат средба што ќе се игра во Турција.
Станува збор за првата пресметка меѓу турскиот Гиресунспор и австрискиот тим Фиверс Маргаретен.
Овој меч на кој делегат е Грузиецот Гелашвили, ќе се игра на 13 септември со почеток од 16:00 часот во Гиресун.
























