Хрватски арбитри на двомечот меѓу Тиквеш и Еш од ЕХФ Купот

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Иако дуелите ќе стартуваат претстојниот викенд, македонскиот претставник Тиквеш ќе игра на 19 и 20 септември двапати на домашен терен против Еш од Луксембург.

ЕХФ делегираше официјални лица од Хрватска – Матија Бродиќ и Матија Хоџиќ, додека делегат ќе биде Борис Ивановиќ од Србија.

Првиот меч е на програмата на 19 септември од 18:00 часот во салата „Јасмин“, а утредента во истото време на истото место ќе се одигра реваншот.