Борис Ројевиќ и Охрид заедно до 2029 година!

Творецот на најголемиот успех во историјата на Охрид останува на кормилото на „гладијаторите“ и во наредните две сезони.

Српскиот стратег Борис Ројевиќ го продолжи договорот со Охрид до 2029 година, откако актуелниот му беше активен до 2028.

Сега клубот и тренерот што му го донесе првиот трофеј се договорија соработката да ја продолжат за уште една сезона.

„Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо. Но, ова не е крајот на приказната. Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот! Охрид, езерото, атмосферата во клубот, полните трибини и нашите навивачи го „врзаа“ Роја за градот. А тој со својата енергија, страст и победнички менталитет стана дел од охридската ракометна приказна. Роја останува. Сонот продолжува. Заедно – по нова историја!“, напишаа од клубот.

Минатата сезона беше сезона за паметење за Охрид со освоениот трофеј во ЕХФ Европскиот Куп, како и со пласманот во финалето во Купот на Македонија, а во Супер лигата, „гладијаторите“ завршија зад Вардар и Еурофарм Пелистер.

Клубот сезонава вложи уште повеќе во играчкиот кадар и Охрид ќе биде претедент за трофеите во Македонија, но и во Регионалната лига и ЕХФ Европскиот Куп.