Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Супер машката лига.
Дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер што ќе се игра в недела во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Браќата Методија и Михајло Илиевски ќе ја делат арбитражата на мечот меѓу Бутел Скопје и Младост Богданци.
Два пара – Шуковски и Илиевски, како и Андонов и Ќаев, ќе имаат двојна задача викендов и ќе судат по два меча од Супер лигата.
Супер машка лига, 1 коло:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 (Андонов/Ќаев)
Бутел Скопје – Младост Богданци (Илиевски/Илиевски)
Прилеп – Куманово (Шуковски/Илиевски)
Струга – Тиквеш (Шуковски/Илиевски)
Алкалоид – Мулти Есенс (Андонов/Ќаев)
Охрид – Еурофарм Пелистер (Митревски/Тодоровски)























